Во Франција Состанок на Групата најразвиени индустриски земји (Г8).

Во Довил во Франција почнува дводневниот состанок на Групата најразвиени индустриски земји во светот- Г8- на кој учествува и американскиот претседател Барак Обама. Лидерите ќе разговараат за паричната помош наменета за Тунис и Египет како и за ситуацијата во Либија. На агендата ќе бидат и случувањата поврзани со Мегународниот Монетран Фонд по смената на Строс Кан од функцијата прв човек на ММФ откако тој се соочува со судско обвинение.