Борбите се засилуваат во Јемен

Борбите меѓу владините сили и бунтовниците кои се противат на режимот на претседателот Али Абдулах Салех се интезивираат. Изутрината се слушнале експлозии на ракети во главниот град Сана. Над 40 луѓе се убиени од почетокот на неделата во северниот дел на градот каде силите кои не се лојални на лидерот Садик ал Ахмар извршуваат напади обидувајќи се да ја преземат контролата врз владини згради.Вашингтон им нареди на дипломатските семејства да ја напуштата земјата.