Времето претпладне ќе биде сончево,попладне нестабилно


Времето утре во Македонија ќе биде сончево и релативно топло. Околу пладне и попладне повторно ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје и околината утре во попладневните часови повторно се очекува развој на нестабилна облачност со појава на грмежи, пороен дожд и со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.