Анти-владини протести во Грузија

Неколку илјадници анти-владини демонстранти маршираат низ главниот град на Грузија денеска на петтиот ден демонстрации преку кои се бара оставка на претседателот. Организаторите на маршот имаат дозвола да останат на централниот плоштад на Тбилиси до полноќ, десет часа пред одржувањето на воената парада во чест на денот на независноста. Од опозицијата најавија дека демонстрантите ќе останат на плоштадот и после полноќ. Опонентите на шефот на државата Микаил Сакашвили бараат негова оставка поради наводна корумпираност и неисполнување на реформите.