Романскиот претседател откажа посета поради Косово

Властите во Романија потврдија дека претседателот Траиан Баисеску нема да присуствува на самит во Вашрава на кој ќе присуствуваат американскиот претседател Барак Обама и лидери на централноевропски земји. Одлуката е поради поканата за Косовскиот претседател. Романија е една од земјите членки на Европската унија кои не ја признаа независноста на Косово. Во соопштението од кабинетот на претседателот се наведува дека Баисеску нема да присуствува на настан каде ќе има претставник на, како што е наведено, непризнаен ентитет. Во вторникот српскиот претседател ја откажа посетата на самитот поради тоа што косовската претседателка Атифете Јахјага ја прифатила поканата.