Израел и Палестинците да преговараат, порача Обама

Американскиот претседател Барак Обама ги повика Израел и Палестинците сериозно да се заложат за продолжување на започнатиот мировен процес на Блискиот Исток. На заедничката конференција за печат со британскиот премиер Дејвид Камерон Обама рече дека двете страни мора да постигнат компромис. Лидерот на САД додаде дека евентуална палестинска кампања за признавање на државна независност во Обединетите нации би била грешка, опција која ја најави лидерот на Палестинците Махмуд Абас.