Дел: Србија треба да ја прифати реалноста за независно Косово

Кристофер Дел

Амбасадорот на САД во Косово Кристофер Дел изјави дека прифаќањето на реалноста за независно Косово е услов за членството на Србија во ЕУ, пренесоа српските медиуми. Учествувајќи во емисијата „Очи во очи“ американскиот амбасадор изјави дека услов за европските стремежи на Србија е проблемите со Косово да се решат на модерен и конструктивен начин. „Сметам дека Србите одлично разбираат дека треба да ја прифатат реалноста за независно Косово пред евентуалното членство во ЕУ“ изјави американскиот амбасадор во Приштина.