Евроконтрол - Вулканскиот облак се намалува

Вуклански облак на Европа

Европската Асоцијација на воздушните контролори соопшти дека изгледа оти облаците од прав се намалуваат со оглед и на намалената активност на вукланот Гримсвотн на Исланд.
Само денеска Евроконтрол откажа околу 700 летови поради облаците кои се сега над северна Германија.
Се очекува воздушниот сообраќај во овој дел од Европа да биде вратен во нормала во текот на утрешниот ден.