Еден убиен и еден ранет на автопатот Велес-Градско

Едно лице е убиено синоќа на автопатот Велес-Градско, а едно е тешко повредено откако, засега непознати сторители од возило во движење пукале во друго возило, јави МИА. Според првичните информации на полицијата, инцидентот се случил на излезот од Велес кон Градско, во близина на село Караслари, кога од Пежо 106 во движење било пукано кон другото возило во движење во кое имало двајца патници. Едниот од нив, 32 годишниот Б.С. бил погоден и починал на самото место. Вториот со прострелни рани во нозете е префрлен во болицата во Велес, а потоа во Клиничкиот центатр во Скопје. Како што јавува МИА, полицијата има сознанија за идентитетот на сторителот и трага по него