Гејтс најави намалување на буџетот за одбраната

Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека средствата за одбрана во буџетот ќе бидат значително намалени, што би можело да го натера Пентагон да се откаже од некои воени мисии, да ги намали оружените сили, но и да ја ограничи улогата на САД во светот. Во еден од последните говори пред да се повлече од функцијата во идниот месец, Гејтс нагласи дека е разочаран од досегашните напори на Пентагон да заштеди. Тој предупреди дека поради натамошното штедење, кое беше предложено од официјални лица, меѓу кои и од претседателот Барак Обама, ќе бидат потребни тешки одлуки за откажување од некои борбени средства и мисии во странство.