Израел се залага за мир со Палестинците, тврди Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја нема да се откаже од потрагата по мир со Палестинците, и додаде дека е подготвен на „болни компромиси“ за остварување на целта. При обраќањето пред американскиот конгрес, Нетанјаху ги поздрави американско – израелските односи, тврдејки дека на нестабилниот близок исток „Израел е сидрото на стабилноста“. Нетанјаху исто така му се заблагодари на претседателот на САД Барак Обама за подршката на изралелската безбедност.