Околу 500 летови откажани поради ерупцијата на исландскиот вулкан

Европската агенција за воздушен сообраќај соопшти дека приближно 500 летови биле откажани денеска поради облакот вулканска прашина кој од Исланд се прошири над Северна Ирска, Шкотска и Скандинавија. Поради ерупцијата на најактивниот вулкан во Исланд, дел од данскиот воздушен простор беше затворен. Се очекува дека вулканската прашина ќе се рашири над Шведска денеска. Експертите тврдат дека мали се шансите за повотрување на ланското сценарио, кога поради ерупција на друг вулкан во Исланд воздушниот сообраќаj над Европа беше блокиран шест дена.