Американски санкции за кочење на иранските нуклеарни амбиции

Џејмс Стајнберг

Соединетите американски држави најавија санкции против „седум странски ентитети“ вклучувајки и венецуелска компанија за нафта, како дел од новите напори за ограничување на нуклеарните амбиции на Иран. Заменик државниот секретар Џејмс Стајнберг рече дека санкциите се наменети за спречување на развојот на иранскиот енергетски сектор, кој се употребува за финансирање на нуклеарната програма на исламската република. Стејт – департментот најави санкции против организации од Кина. Сирија и Белорусија за активности кои се во корист и на Иран и на Северна Кореа.