Либијските бунтовници ќе отворат канцеларија во Вашинтон

Џефери Фелтман

Високорангиран американски државен службеник вели дека либијските бунтовници прифатиле покана за отворање на канцеларија во Вашингтон. Џефери Фелтман, американскиот заменик државен секретар, ја даде изјавата во Бенгази, најголемото населено место во истокот на Либија под бунтовничка контрола. Тој дополни дека анти-владините активисти ја прифатиле формалната покана која им била доставена.