Барак и Мишел Обама кај британската кралица

Британската кралица Елизабета Втора денеска го прими американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел. Парот порано пристигна во Лондон со цел да ги избегне можните авиосообраќајни компликации кои ги предизвика облакот од вулканска прав од Исланд. Американскиот претседател во понеделникот ја почна турнеата на Европа со посета на Ирска.