ЕУ визните мерки засега нема да ги погодат Македонија и Србија

Евро комесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром денеска изјави дека со Србија и Македонија се разговара за намалување на проблемите со лажните азиланти, но дека новите вонредни мерки нема да погодат ниту една од земјите посебно.
Таа нагласи дека Европската Комисја предлага нов механизам и заштитна клаузула за безвисниот режим з ЕУ во случај на предизвикувачка ситуација. За тој механизам и мерки ќе се разговара на самитот на ЕУ на 9 јуни.