Ходорковски бара укинување на пресудата

Поранешниот руски милијардер и критичар на Кремљ Михаил Ходорковски побара денеска поништување на пресудата со која затворската казна му е продолженa до 2017 година. Тој во судот во Москва изјави дека станува збор за апсурдна казна која го одразува самоволието на власта во Русија. Ходорковски е во затвор од 2003 година, а во декември лани осумгодишната казна му беше продолженана 14 години. Тој и неговиот соработник Платон Лебедев се осудени за корупција.