Експлозија во главниот град на Казахстан

Во близина на зградата на казахстанските безбедносни служби во главниот град Астана денеска дошло до експлозија. Според очевидци, станува збор за експлозија на автомобил. Засега не се знаат причините за експлозијата. Пред една недела бомбаш самоубиец рани двајца минувaчи во градот Актобе на северот на Казахстан. Властите соопштија дека не станувало збор за терористички чин.