Пожар во иранска рафинерија при престој на Ахмадинеџад

Експлозија за која е соопштено дека била поради технички проблеми предизвикала пожар во иранската рафинерија за нафта во Абадан во моментот кога во неа престојувал претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Полуофицијалната новинска агенција Фарс јави дека притоа шест луѓе биле повредени, додека Ахмадинеџад ја продолжил посетата според предвидениот распоред.