Палестинскиот премиер доживеа срцев удар

Палестинскиот премиер Салам Фајад

Палестинскиот премиер Салам Фајад е во болница во Тексас откако доживеал срцев удар. Од медицинскиот центар каде што се лекува соопштуваат дека сега е во добра здраствена состојба. Фајад почустувал болки во градите за време на доделувањето на диплома на неговиот син кој студирал во градот Остин во Тексас. Педесет годишниот Фајад е премиер во владата на палестинскиот претседател Махмуд Абас од 2007 мата година, но сега неговата позиција и не е многу јасна по потпишувањето на договорот за помирување на Фатах и Хамас.