Четворица загинати во ракетен напад во Пакистан

локација на еден од последните ракетни напади во Пакистан во март годинава

Припадници на пакистанската разузнавачка служба соопштија дека четири лица загинале во близина на границата со Авганистан во наводен американски ракетен напад. Две рајети биле испукани кон возило во Северен Вазиристан, регион од каде неколку милитантски организации извршуваат напади врз амерканските вооружени сили во Авганистан. Идентитетот на убиените за сега не е познат.