Четворица загинаа во бомбашки напад во Авганистан

Четворица загинале а дванаесетмина се повредени во напад на бомбаш самоубиец на пазар во источниот дел на Авганистан денеска. Нападот се случил во градот Алишинг. Претставник на локалните власти изјави дека загинатите се цивили и додаде дека за сега не се знае којa била мета на нападот. Талибанските милитанти ја превземаа одговорноста за бомбардирањето, тврдејки дека убиените биле членови на локална анти-милитантска организација. Станува збор за последен од серија напади на бомбаши самоубијци, откако талибанците ја најавија пролетната офанзива минатиот месец.