Бил Клинтон Црна Гора ја нарече Македонија

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, на прославата на петгодишнината од црногорската независност во Будва, поздравувајќи се со домаќинот и посака просперитет на Македонија. Иако претходно и се воодушевуваше на природата во Црна Гора и жалеше поради тоа што не е Црногорец и нема повисок раст, поздравувајќи се со домаќинот, Клинтон порача дека на Македонија и посакува просперитет. „Доколку се соочуваме со проблемите, гледаме во иднината и се концентрираме на она што ни е заедничко, иднината е светла. Тоа важи и за иднината на Македонија, која со својата убавина ви го одзема здивот. Немојте тоа да го расипете. Бог да ве благослови“ изјави Клинтон. Тој претходно во Бар одржа предавање пред студентите од Универзитетот „Медитеран“, каде нагласи дека регионот на Балканот треба да биде интегриран во Европа, преку Европската унија и НАТО.