ЕУ со нови санкции против Белорусија

Дипломати велат дека Европската унија ќе имплементира дополнителни санкциии против Белорусија поради затворањето на припадници на опозицијата. Министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата во Брисел се согласиле да додадат уште 13 имиња на листата oд 170 лица на кои им се забранува патување во земјите на ЕУ. Меѓу новите имиња на списокот е и белорускиот претседател Александар Лукашенко. Екстензијата на санкции следува по реакцијата на власта на немирите кои настанаа по завршувањето на изборите во декември минатата година. Повеќемина активисти на опозицијата и противкандидати на Лукашенко се во затвор.