Започнува судењето за случајот „Пајажина“

Велија Рамковски, сопственик на А1 телевизија

Денеска треба да започне судењето на сопственикот на А1 Телевизија, Велија Рамковски и на уште дваесет и двајца обвинети во случајот „Пајажина“. Велија Рамковски и управителите на фирмите, се обвинети за финансиски криминал. Судскиот процес ќе го води судијата Павлина Христова. Велија Рамковски и уште 8 луѓе, се во притвор повеќе од 5 месеци.