Владејачката партија во Шпанија доживеа пораз на изборите

Шпанците протестираа и на денот на изборите

Владејачката Социјалистичка партија во Шпанија доживеа пораз на локалните и на регионалните избори што се одржаат вчера во земјата. По затварањето на избирачките места, преставничката на партијата Елена Валенцијано, рече дека резултатите се поврзани со економски проблеми на земјата. Социјалистичката партијата на премисрот Хозе Родригез Запатеро освои 28 проценти од гласовите, наспроти опозициската конзервативната Народна партија која освои повеќе од 37 проценти од вкупниот број гласови. И на изборниот ден имаше протестите во Шпанија. Почнувајќи од 15 мај, десетици илјади Шпанци излегоа на улиците да протестираат поради високата стапка на невработеност и економската стагнација. Шпанија има највисока
Стапката на невработеност од 21 процент во Европската унија.