Албански писател му порача на Баша да се повлече

од немирите по гласањето

Загрижен од последните случувања во татковината, познатиот албански писател Исмаил Кадаре упати отворено писмо до демократот Љуљзим Баша да се повлече од трката за градоначалник на Тирана. „Имајќи ја предвид состојбата, особено противењето на опозицијата околу пребројувањето на спорните гласови изразено со протести на кои претендира дека победник е Еди Рама, ви препорачувам чекор кој ретко кој го прави на албанската политика сцена, да се повлечете од кандидатурата за градоначалник на Тирана“ пишува Кадаре во отвореното писмо до Баша. Со отвоено писмо веднаш му одговори и Баша, отфрлајќи го барањето на Кадаре.