Свечена академија по повод Националниот ден на Власите

По повод националниот ден на Власите во Македонија-23 мај, денеска во Домот на АРМ во Скопје, се одржа Свечена академија. На свеченоста присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски. Припадниците на влашката заедница својот национален ден го прославуваат од 1991 година. Од пред седум години е прогласен за државен празник и неработен ден за сите Власи во Република Македонија.