Британските војници се повлекоа од Ирак

Британија денеска заврши со повлекувањето на своите војници од Ирак, со што е ставен крај на осумгодишното воено присуство на Обединетото кралство во земјата. Британските власти ги повлекоа мнозинството војници во 2009 година, но дел од нив останаа за обучување на ирачките вооружени сили. Вкупно 179 британски државјани загинаа од почетокот на воената инвазија на Ирак во 2003 година.