Протести во Шпанија на денот на локалните избори

Нови протести настанаа денеска во Шпанија на денот на гласањето за локалните и региуоналните избори, на кои се гледа како на тест за владеачката социјалистичка партија. Од 15 мај десетици илјади жители на Шпанија протестираат во знак на незадоволство од ниските примања и кратењето на социјалните расходи. Шпанија е земја со највисока стапка на невработеност која се очекува да достигне 21,5 проценти во првиот квартал годинава. Предизборните анкети покажуваат дека социјалистите се соочени со пораз на денешните избори.