Тринаесетмина загинати во околината на Багдад

Најмалку тринаесетмина загинале во серија бомбашки напади во Багдад и околината денеска, потврдија ирачките власти. Седуммина загинале во напад на бомбаш самоубиец во населено место на 20 километри од главниот град на земјата. Многумина од жртвите се полицајци. Уште шестмина загинале во неколку експлозии на бомби поставени покрај патишта во источниот и јужниот дел на Багдад. За сега никој ја нема превземено одговорноста за нападите.