САД со апел до Салех да отстапи од претседателската функција

Али Абдула Салех

Соединетите американски држави го повикаа лидерот на Јемен Али Абдула Салех „да биде доследен на својата посветеност“ и да отстапи од претседателската функција по 32 годишно владеење. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во писмена изјава вели дека Соединетите држави охрабруваат „мирна транзиција на власта“ за народот на Јемен да може да работи кон, како што се наведува, изградба на единствена, стабилна, демократска и напредна држава. Во саботата Салех рече дека е подготвен да го потпише договорот за транзиција на власта во Јемен, но предупреди дека со тоа се отвораат вратите за влез на терористичката Ал Каеда во земјата.