Забелешки од ОБСЕ за изборите во Албанија

од протестите на опозицијата по изборите

Набљудувачката мисија на ОБСЕ во својот извештај ја критикува процедурата на пребројување на гласовите од локалните избори во Албанија оддржани на 8 мај, јавија новинските агенции. Во документот се дава негативна оценка и за однесувањето на Централната изборна комисија. Набљудувачите на ОБСЕ посочуваат дека на 18 мај комисијата почнала да ги отвора кутиите за повторно пребројување на погрешно пуштените гласачки ливчиња, но правната основа за оваа постапка се уште не е јасна.