Ново крвопролевање на погребални церемонии во Јемен

Активисти за човекови права тврдат дека сиријските безбедносни сили убиле две лица на погребалните церемонии на загинатите во вчерашните протести. Очевидци сведочат дека десетици биле повредени во инцидентот во градот Хомс. Според активистите за човекови права, четириесетмина лица загинале во вчерашните анти-владини демонстрации преку кои се бара оставка на претседателот Башар ал Асад. Власта, од друга страна, обвинува вооружени групи за инцидентите, кои наводно се подржувани од исламистички организации во странство.