Иванов апелира за почитување на демократските стандарди

Претседателот Ѓорге Иванов ги повика учесниците во изборната кампања да се воздржат од реторика што е несоодветна за демократска земја. „Апелирам сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат демократските стандарди на земја-кандидат за ЕУ. Изборите мора да бидат натпревар за Европа“ изјави Иванов во Линдау, Германија, каде што денеска учествува на Самитот на Паневропската унија. „ И постојано упатувам апел до сите политички актери дека мора да бидеме доследни на стандардите за живот во демократија што веќе опстојува 20 години. Затоа тие треба да ја имаат предвид таа линија и никојпат да не ја пречекорат“ додаде претседателот.