Триесетмина уапсени во Иран осомничени за шпиунажа

Иранските власти соопштија дека уапсиле 30 лица кои се осомничени за шпиунажа за Соединетите американски држави. „Елитни агенти од министерството за разузнавање се соочиа со ЦИА и успеаа да уапсат 30 лица“ се вели во дописот. Соопштението беше емитувано на државната телевизија. За сега нема дополнителни детали за настанот.