Израел - Нетанјаху охрабрен од состанокот со Обама

U

Израелски преставници изјавија дека Премиерот Бенјамин Нетанјаху излегол многу по охрабрен од состанокот со американскиот Претседател Барак Обама отколку што бил пред тоа.
Барак Обама по разговорите со Бенјамин Нетанјаху во Белата Куќа изјави дека гледа можности и опасности на Блискиот исток. Обама додаде дека постојат разлики меѓу САД и Израел околу мировниот процес.
Обама во вчерашниот говор посветен на Блискиот Исток изјави дека подржува Палестинска држава во границите пред израелската окупација на Западниот брег во 1967 година. Нетанјаху пак одговори дека мали остапки се можни но дека не може да се повлече на линиите од 1967 кои ги нарече неодбранливи.