Доминик Строс Кан ослободен од затворот во Њујорк

Возилото со кое Кан беше префрлен на Менхетен

Поранешниот прв човек на ММФ Доминик Строс Кан доцна синоќа е ослободен од затворот во Њујорк каде се соочува со обвиненија за обид за силување. Кауцијата изнесувала милион долари плус 5 милона како осигурување.
Тој е префрлен од затворот на островот Рикерс во зграда на Менхетен каде ќе биде чуван од стражари а на раката му е ставена и бразлетна со систем за следење.
62 годишниот Кан ги отфрли обвиненијата дека во Хотел во Њујрок се обидел да силува собарка.