Најмалку 17 убиени на денешните протести во Сирија

Сиријските безбедносни сили денеска стрелале врз анти-владините демонстранти во неколку градови, при што најмалку 17 луѓе биле убиени, јавуваат агенциите. Демонстрантите бараат оставка на претседателот Башар Ал Асад. Според групи за човекови права, над 850 луѓе се убиени за време на протестите во Сирија во изминатите недели.