Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави денеска дека сите идеи во врска со Косово се добредојдени и оти е потребно да биде најдено решение кое е прифатливо за двете страни. Не треба да се прават спектакли од идеја која постои 50-тина години, изјави Тадиќ во врска со оценката на вице-премиерот Ивица Дачиќ дека Косово треба да се подели.