Корупцијата и непочитувањето на законите, најголем проблем во Русија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави денеска дека корупцијата и недостигот од константно владеење на правото го кочат националниот просперитет. Зборувајки на еден форум во Санкт Петерсбург, Медведев ги повика надлежните институции и судиите да обедбедат почитување на сопственичките права и на законите. Дури и најдобрите закони, доколку се само декларативни, нема да функционираат, изјави Медведев.