Ерменскиот претседател бара општа амнестија

Ерменскиот претседател Серж Саркисијан

Ерменскиот претседател Серж Саркисијан денеска официјално побара од парламентот да прогласи општа амнестија, потег кој, според очекувањата, би требало да води кон ослободување на сите затворени членови на опозицијата. Слична ваква амнестија парламентот прогласи и пред две години при што беа ослободени десетина приврзаници на опозициониот лидер Левон Тер Петросијан кои беа затворени за постизборните нереди во Ереван.