Продолжуваат протестите низ Сирија

Во неколку градови во Сирија денеска се одржуваат протести на кои демонстрантите бараат поголема слобода и оставка на претседателот Башир ал Асад. Во градот Баниас, според очевидци, силите за безбедност отвориле оган врз демонстрантите. Протести имало и во Дамаск, како и во Хомс и покрај тоа што таму биле распоредени тенкови.