Над 600 повредени во судар на возови во Јоханезбург

Над 600 патници биле повредени во железничка несреќа во предградието на Јоханезбург, Совето. Според очевидци, патнички воз удрил во друг воз кој стоел на железничка станица. Во тек е истрага за оваа железничка несреќа, една од најголемите во Јужна Африка.