Средба Обама - Нетанјаху во Вашингтон


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Вашингтон ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. До средбата доаѓа откако вчера Обама во говорот за Блискиот Исток, оцени дека Израел треба да се врати на границите од 1967-ма година. Нетанјаху веднаш ја отфрли оваа констатација на Обама.