Баросо и Филе денеска на Косово

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска ќе го посети Косово каде ќе разговара со највисоките косовски официјални претставници.Во делегацијата е и европскиот комесар за проширување Штефан Филе. Делегацијата на ЕУ во Приштина доаѓа по посетата на Белград,додека најавената посета на Тирана е откажана поради политичкта криза во таа земја по локалните избори.