НАТО авиони уништиле либиски воени бродови

Нато соопшти дека негови авиони уништиле осум воени бродови на силите на либискиот лидер Моамер Гадафи во синоќешните напади. Бродовите биле цел на координирани напади во Триполи,Ал Кхумс и Сирте.Засега нема реакција од владата на Гадафи. Оваа вест на НАТО доаѓа откако либиската влада нареди повлекување на нивните сили од градовите под услов бунтовниците да го направат истото како дел од мировниот договор.Либиски претставници изјавија дека дел од договорот е Алијансата да ги стопира нападите врз цели во Либија.