ЕУ подготвува нови санкции против Иран?

Кетрин Ештон

Нови санкции против Иран се очекуваат од Европската унија во понеделник поради недостигот на напредок во преговорите за нуклеарната програма на официјален Техеран. Шефот за надворешна политика на Унијата Кетрин Ештон во вторникот изрази фрустрации поради недостигот на напредок во преговорите со Техеран, по средбата со американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Ештон и Клинтон разговарале за потребата за „посилен и подобар“ одговор од Иран во врска со нуклеарната програма.