Путин во Белорусија ќе разговара за заем од 3 милијарди долари

Рускиот премиер Владимир Путин пристигна во Белорусија на разговори за заем. Белорусија е соочена со економска криза предизвикана од зголемените буџетски расходи и наводно побарала заем од Русија во износ од 3 милијарди американски долари. Економските аналитичари сметаат дека за возврат Белорусија може да понуди приватизација на државни фирми за кои се заинтересирани руски инвеститори. Станува збор за две поголеми рафинерии за нафта, гасоводот и белоруски мобилен оператор.