Претседателот Иванов се сретна со европратеникот Петерле

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими словенечкиот пратеник во Европскиот парламент Алојз Петерле. На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, се разговарало за политичката ситуација во Македонија и во регионот, како и за состојбите во Европската унија и интегративните процеси. Двајцата соговорници изразиле надеж дека спорот околу името, преку кој Грција ги попречува македонските евро-атлански интеграции, наскоро ќе биде надминато.